Извозот на компаниите кои работата во слободните економски зони за првите десет месеци од годината достигна 950 милијарди евра, а во текот на овој месец се очекува да надмине една милијарда евра. Ова во понеделникот на прес конференција во Скопје го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека околу 11.000 работни места се отворени од страна на компаниите кои работат во слободните економски зони. Тоа е фантастичен резултат и голем успех од аспект на креирањето на потенцијал македонската економија да има извоз и тогаш кога во Европа и во останатите делови од светот екстерната побарувачка не е на високо ниво бидејќи европската економија стагнира, рече Ставрески.
Извозот на компаниите кои работата во слободните економски зони за првите десет месеци од годината достигна 950 милијарди евра, а во текот на овој месец се очекува да надмине една милијарда евра.
Ова во понеделникот на прес конференција во Скопје го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека околу 11.000 работни места се отворени од страна на компаниите кои работат во слободните економски зони.
Тоа е фантастичен резултат и голем успех од аспект на креирањето на потенцијал македонската економија да има извоз и тогаш кога во Европа и во останатите делови од светот екстерната побарувачка не е на високо ниво бидејќи европската економија стагнира, рече Ставрески.
Тој истакна дека привлекувањето на странски инвестиции е значаен генератор на економскиот раст и вработеноста во Македонија.
Ставрески очекува дека со реализацијата на највените инвестиции во зоните и со презентациите на бизнис форумите како што беше и тој во САД ќе дојдат нови американски и други инвестиции во слободните зони во Македонија.